Често поставувано прашање КОЛКУ ПАРИ ТРЕБА ДА СТАВИТЕ ВО ПЛИК ЗА СВАДБА ?

Факт е дека свадбата не е само убава можност за секој да се забавува, туку и начин да им помогне на младоженците на почетокот на брачниот живот.

Се прашувате колку пари да ставите во пликот за младоженците? Преведено на современ јазик, оваа радост не треба да претставува голем трошок за нив, туку треба да им се „исплати“.

Затоа за основно правило се смета дека гостинот треба да даде онолку колку што чини порцијата во ресторанот, а тоа е бројка која лесно се проверува, нели? Ако одите со придружба, двојно зголемете ја оваа сума.

Кога станува збор за многу блиски членови на семејството, се очекува сумата да порасне. Исто така, тоа е традиција според која најблиските им помагаат најмногу, а браќата и сестрите сигурно ќе дадат онолку колку што можат да издвојат.

Кога станува збор за кумови, тие се подготвуваат за венчавката исто колку и младоженците. Не за џабе се вели “ куме изгоре ти ќесе “.

Во последно време се почесто се споменува основната бројка од 50 евра во плик. Oва се смета за голем трошок, па гостите одлучуваат да не одат на свадба бидејќи не сакаат да се „засрамат“.

Во тие моменти најдобро е да се известат младите, бидејќи сепак вие сте планирани како гости и доколку не сте во можност да се појавите, фер би било тоа да им го кажете навреме.

Дали сеуште се сомневате во ова? И залудно! На крајот на краиштата, најдобриот подарок за свадба се пари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *