По оригиналниот РЕЦЕПТ на нашите БАБИ: Подгответе домашни МЕЦИКИ на старомоден начин

По оригиналниот РЕЦЕПТ на нашите БАБИ: Подгответе домашни МЕЦИКИ на старомоден начин




Состојки:
- 1/2 кг брашно
- 300 ml вода (млака)
- 1 кесичка сув квасец (7 грама)
- 1/2 лажичка сол
- масло или маснотии за пржење
Подготовка




Измешајте го просеаното брашно со квасецот, додадете сол, млака вода и замесете тесто малку помалку отколку за леб. Месете го тестото со дрвена лажица додека не почне да се одвојува од ѕидовите на тавата. Покријте со чиста крпа и оставете да нарасне.
Во длабок сад се става многу масло (масти), се загрева, се намалува температурата и се пржи мекото тесто.




Намачкајте ги рацете во вода, нараснатото тесто исечете го на парчиња (со големина на јаболко), развлечете ги во саканите форми, ставете ги на загреано масло и пржете ги од двете страни по 3-4 минути.




Испржените меки топчиња извадете ги од маслото, ставете ги на кујнска хартија да се исцеди маслото и послужете ги топли со сирење, кисело млеко и сл.