Домашен лек за отечени нозе: Подготовка и начин на употреба!

Како резултат на зголемениот обем на течност во одредени делови на телото, може да се јават отоци што се непријатни. Ваквите промени најчесто се манифестираат во стапалата и на глуждовите. Отекувањето на нозете може да настане од повеќе причини: жештина, проблеми со крвните садови, нарушена работа на бубрезите, бременост, срцеви промени, хормонски нарушувања итн.

Според народната медицина, најдобриот лек против отоци на нозете се прави од магдонос и ефикасно ја исфрла непотребната течност од организмот. Потребни се: свежиот зелен дел од магдоносот (произволна количина) и корен од магдонос.

Подготовка и начин на употреба:
Добро измијте го и ситно исечкајте или измелете го целиот магдонос. Смесата ставете ја во термос и прелијте ја со 500 мл вода што врие. Оставете да отстои преку ноќ, а утрото процедете ја.
Оваа количина ќе ви биде доволна да ја пиете во текот на еден ден, а најдобро да ја поделите во три дози. Овој лек се пие 2 дена по ред, но за вториот ден треба да подготвите нова количина. Направете пауза 3 дена, па повторно пијте 2 дена.

Овој проблем сепак не е мал, па најдобро е да се консултирате со лекар и да утврдите со сигурност што е конкретната причина што довела до отекување на нозете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *