Сокот од зелка има повеќе витамин Ц од портокалот, решава шест тегоби

Сокот од зелка има повеќе витамин Ц од портокалот, решава шест тегоби
Напитокот од зелка со векови се користи како народен лек за стомачни заболувања, воспаление на дебелото црево, гихт, ревматизам и запек.
Напитокот од зелка со векови се користи како народен лек за стомачни заболувања, воспаление на дебелото црево, гихт, ревматизам и запек. Се користи и за зајакнување на имунитетот, чистење на телото од токсини и подобрување на крвната слика. Лековитиот сок од зелка е, на пример, побогат со витамин Ц од портокалите! Сокот од црвена зелка е за здрав почеток на денот и силна крв.

Кога да се користи сок од зелка?
Анемија
Бидејќи зелката е богата со минерали, меѓу кои значително се присутни железо, цинк, магнезиум и фосфор, пиењето на овој пијалок може значително да ја подобри крвната слика. Најпрво се препорачува за млади жени кои имаат обилни менструации, бидејќи најчесто имаат такви проблеми. Луѓето кои страдаат од анемија треба редовно да го користат
Сè почесто се препорачува да се пие свеж сок од зелка за ублажување на анксиозноста и нервозата. Со сок од зелка, можете да го подобрите сонот и да ја елиминирате несоницата бидејќи тој опушта и смирува.
Болести на белите дробови и болки во грлото

Зелка во комбинација со мед е одлична за заштита и лекување на воспаленија на белите дробови. Многу успешно делува во превенција и третман на бронхитис и астма, бидејќи ги чисти дишните патишта. Ако ве боли грлото, наместо септолете, во устата правете гаргара со сок од зелка. Се покажало како добар природен лек за воспалителни процеси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *