Поранешен министер за правда од Кина осуден на смртна казна

Поранешен министер за правда од Кина осуден на смртна казна




Поранешниот кинески министер за правда, Фу Женгхуа, е осуден на смрт со двегодишно одлагање под обвинение за примање мито и помагање криминалци, вклучувајќи го и брат му, објави денеска кинеската државна телевизија.




Казната на Фу е уште една во низата казни за корупција изречени на високи кинески функционери во долготрајната акција, која почна кога претседателот Шји Џјинпинг ја презеде власта кон крајот на 2012 година.
Фу (67) се изјасни за виновен за злоупотреба на своите овластувања на позиции, вклучително и министер и началник на полицијата од 2005 до 2021 година за да ги прикрие злосторствата на брат му и на другите, пренесува АП.




Фу е обвинет дека примил 117 милиони јуани (16,5 милиони долари) и средства за овие незаконски активности, објави официјалниот весник „Чајна дејли“ во јули оваа година.




Условните смртни казни во Кина обично се заменуваат со долги затворски казни доколку жалбената комисија утврди дека осудениот се реформирал.




Фу ќе биде осуден на доживотен затвор без помилување доколку казната му биде ублажена, пренесе американската агенција.