Никогаш не ги сушете алиштата на овој начин: Избегнувајте го овој МЕТОД бидејќи е лош за вашето здравје

Никогаш не ги сушете алиштата на овој начин: Избегнувајте го овој МЕТОД бидејќи е лош за вашето здравје
За време на топлите и сончеви денови, сакале или не, сите имаме барем една заедничка причина да се радуваме, а тоа е фактот што алиштата што сме ја измиле се сушат за кратко време, на природен начин.




Меѓутоа, кога почнуваат студените и врнежливите периоди, сите го имаме истиот проблем и мака мачиме со алиштата кои дури со денови се сушат низ куќата и ни заземаат скапоцен простор за живеење. Токму поради нетрпеливоста или количеството алишта што мораме да го испереме, сите понекогаш прибегнуваме кон техниката на сушење на радијатори, а експертите предупредуваат дека тоа е многу опасно.




Зошто е опасно?
Опасно е од неколку причини, прво ја зголемува потрошувачката на енергија, која веројатно никогаш не била толку скапа како сега, второ може да создаде мувла, да создаде дополнителна непотребна влага во куќата, па дури и да предизвикате пожар.




Покривањето на радијаторот со влажна крпа може да предизвика појава на несакана кондензација, што ќе доведе до влага или мувла. Покривањето на радијаторите ја блокира правилната циркулација на воздухот и на вашиот дом ќе треба многу подолго да се загрее, со што ќе се зголеми потрошувачката.




Парадоксално, кога сушите влажни алишта на радијатори, мора да ги имате и прозорците отворени за да може да излезе влагата од куќата, па речиси и да нема греење.
И ако се навикнете да загревате на висока температура, можете дури и да запалите некои од полесно запаливите ткаенини.