Солта е тивок убиец, а се крие и во овие 5 намирници, иако не би ја очекувале во некои од нив

Солта е тивок убиец, а се крие и во овие 5 намирници, иако не би ја очекувале во некои од нив
Дури и ако внимавате да ги намалите количините во кујната, солта многу често се крие во многу намирници.

Прекумерното консумирање сол предизвикува зголемување на крвниот притисок и промовира кардиоваскуларни заболувања, миокарден инфаркт и мозочен удар, но е поврзан и со други хронично-дегенеративни болести, како што се рак на дигестивниот систем, остеопороза и хронични бубрежни заболувања.

Ограничувањето на употребата на сол е корисно, но недоволно ако се земе предвид дека голем дел од солта што ја консумираме секојдневно доаѓа од прехранбените производи на пазарот, од леб до сирења.
Понекогаш и од одредени намирници за кои воопшто не се сомневаме, имено:

1. Топло чоколадо
Кога ќе помислите на убава топла шолја чоколада, првото нешто што ви паѓа на ум е шеќерот. Меѓутоа, и чоколадата содржи многу сол, чиј вкус очигледно го крие шеќерот.

2. Житарици за појадок
Една порција корнфлекс содржи 0,34 грама сол, која ја има и во послатките житарки, како оние со карамела.

3. Готови салати
Непотребно е да се каже дека најдоброто решение е сами да си направите салата дома. Ова е уште повеќе точно ако се земе предвид дека некои готови салати содржат многу сол.

4. Мајонез
Мајонезот исто така содржи премногу сол. Можеби не е меѓу најсомнителните производи, а најчесто се поврзува главно со голема количина на маснотии. Како и секогаш, советот е да го подготвите дома

5. Хумус и крем сирење
Сирењето секако е вкусна храна, а кремастото уште повеќе. Хумусот купен во големи синџири за намирници содржи и премногу сол. Подобро е да го подготвите дома за да биде богат со зачини и мириси наместо сол, нели?
Што исто така може да се направи за да се намали потрошувачката на сол?

  • Секогаш читајте етикети
  • Изберете храна која содржи помалку, по можност малку сол, односно помалку од 0,3 грама на 100g
  • Намалете ја солта на трпезата, дадете приоритет на зачините и ароматичните билки
  • Намалете ја преработената храна богата со сол (солени грицки, чипс, одредени салами и сирења, конзервирана храна)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *