Никогаш не чувајте јајца во еден дел од фрижидерот, тука е вистинското место за нив

Никогаш не чувајте јајца во еден дел од фрижидерот, тука е вистинското место за нив




Исто така, советува да не се вадат јајцата од картонската кутија во која се купени, бидејќи тоа има своја намена.
Секој знае дека ако сакате јајцата да останат свежи, не можете да ги чувате надвор од фрижидерот. Техничарот за храна Крис Бисли вели дека иако повеќето фрижидери имаат место за јајца и специјално дизајнирани кутии во вратата, тоа не е нужно најдоброто место за нив. Иако можеби звучи како излишен совет, причината на Бисли има смисла, пренесува Б92.




Вратата е најтоплото место во фрижидерот, а исто така е и местото каде што температурата постојано варира поради отворање и затворање. Затоа, како и сите расипливи намирници, најбезбедно е да ги ставите на горната полица, која е најладна. Исто така, советува да не се вадат јајцата од картонската кутија во која се купени, бидејќи тоа има своја намена. Лушпата од јајцето е покриена со илјадници ситни пори кои лесно ги апсорбираат несаканите мириси и бактерии.




„Чувањето на јајцата во кутија е најдобриот начин да ги заштитите од бактерии“, објаснува Бисли.
Инаку, јајцата кои се правилно складирани во фрижидер го одржуваат својот квалитет и свежина најмалку двојно повеќе од оние кои се оставени на собна температура. Потоа треба да се јадат во рок од една до три недели, додека во фрижидер можат да траат и до шест недели.