НАЈЕВТИНИТЕ ТЕСТЕНИНИ КОИ МОЖЕТЕ ДА ГИ НАПРАВИТЕ: Потребни се само 5 состојки и неколку минути време (ВИДЕО)

НАЈЕВТИНИТЕ ТЕСТЕНИНИ КОИ МОЖЕТЕ ДА ГИ НАПРАВИТЕ: Потребни се само 5 состојки и неколку минути време
Нема полесен рецепт за макарони од овој.




Италијанската кујна е позната по различните рецепти за тестенини, а Болоњезе и карбонара се дефинитивно најпознати. Тестенините се брзи решенија, кои не само што се вкусни, туку и навистина лесни за подготовка. Ви пренесуваме рецепт за макарони со туна кој студентите можат да го направат, но и да си го дозволат, бидејќи состојките се прилично евтини.




Состојки:
- 250 гр макарони
- 200 мл крем за готвење
- 1 китка магдонос
- 1 конзерва туна
- маслиново масло
Подготовка:




Сварете ги макароните, па процедете ги. Додадете маслиново масло и измешајте. Во тенџере загрејте малку маслиново масло, па додајте го кремот за готвење и процедената туна. Се варат кратко и се додаваат макарони. Промешајте. Послужете со свеж магдонос.