Зошто се појавуваат бенките и што треба да знаеме!

Бенките се вообичаени израстоци на телото кои се претежно безопасни и тие се јавуваат поради прекумерно размножување на меланоцитите.
Повеќето бенки се формираат за време на детството и адолесценцијата, но нови бенки може да се појават и понатаму низ животот.




Ненадејната појава на бенки може да биде нормална појава, но може да укаже и на тоа дека станува збор за вид на рак на кожата, меланом. Неопходно е да се следи развојот на бенката и нејзиниот изглед, и кога има какви било промени, посетете дерматолог.
Зошто се појавуваат бенки?




Возрасно лице има во просек помеѓу 10 и 45 бенки по телото. Бенките може да бидат рамни со кожата, на ниво на кожата или да се испакнати, а исто така може да изгледаат како брадавици и да излегуваат влакна од нив. Новите бенки се појавуваат кога меланоцитите, клетките што произведуваат пигмент во кожата, се размножуваат и се шират, а како резултат на тоа, се појавуваат кафеави израстоци на кожата, кои се резултат на меланоцитите.
Покрај тоа, на ненадејната појава на бенките може да влијаат голем број надворешни фактори како што се:
- изложеност на УВ зраци
- изгореници од сонце
- генетика
- ослабен имунолошки систем
- светол тен на кожата
бременост (со промени во нивото на хормоните, може да се појават нови бенки, а постојните може да ја зголемат или променат бојата)




Бенките може да бидат безопасни, но можат да бидат и малигни – меланоми. Кај жените, меланомите најчесто се појавуваат на рацете и нозете, додека кај мажите на грбот, вратот и главата. Во текот на животот, изгледот и бојата на бенките се менуваат. Може да бидат розови, кафеави или црни. Исто така, има неколку различни видови на бенки и може да се појават поединечно или во групи.
Како да препознаете опасна бенка?
Бенигната бенка често има правилна форма, додека меланомите се асиметрични и се нешто поголеми. Исто така, еден меланом може да има неколку различни бои, има неправилни рабови кои можат да бидат со посветла боја.




Покрај тоа, меланомот со текот на времето ја менува формата и бојата и може да биде чувствителен на допир или да крвари. Важно е да се следат промените на бенките, бидејќи ако се открие на време, меланомот може да се излечи.
Кога треба да отидете на лекар?
Кога стара бенка почнува да ја менува бојата или формата, или кога се појавува нова бенка кај возрасни луѓе, треба да се обратите кај дерматолог за преглед. Покрај тоа, за луѓе кои имаат многу бенки на телото или кои се прекумерно изложени на сонце, се препорачува да се прегледуваат најмалку еднаш годишно. Ако бенката е чувствителна на допир, крвари, чеша или ве боли, треба веднаш да се направи преглед од дерматолог, што е безболна постапка.




Како се отстрануваат бенките?
Ако дерматологот се сомнева во меланом, се прави биопсија на бенката и, доколку е потребно, се отстранува под локална анестезија хируршки или ласерски без анестезија.