Здравје во ТЕГЛА, а вкусот е СОВРШЕН: ПРОБАЈТЕ САЛАТАТА од цвекло, морков и пиперка и не ни се верува колку е ДОБРА

Здравје во ТЕГЛА, а вкусот е совршен: пробајте салата од цвекло, морков и пиперка и не ни се верува колку е ДОБРА
Цвеклото е многу здрав зеленчук, богат со фолна киселина, железо и витамини.




Покрај тоа што е многу здраво, цвеклото од тегла е многу вкусно и многу луѓе избираат да го чуваат како зимски зеленчук.




Сепак, дали сте се обиделе да подготвите цвекло со моркови и пиперки? Бевме воодушевени од овој рецепт.
СОСТОЈКИ:
- 500 гр моркови
- 700 гр цвекло
- 14 парчиња печени, исчистени пиперки
- 120 мл масло
- 120 мл оцет
- 60 гр шеќер
- четири лажички сол
- 6 чешниња лук
- конзерванс
- зрна бибер (по избор)
- Ловоров лист
Подготовка:




Морковите и цвеклото сварете ги, а потоа ситно исечкајте ги. Направете го истото со печената пиперка. Ситно исецкајте го лукот, па измешајте сè. На крајот, додавате конзерванс. Одозгора ставете ловоров лист.
Стерилизирајте ги теглите и покријте ги со оцет. Добро затворете ги и чувајте ги на темно и суво место до сервирање.