Совршени солени палачинки за слатко утро

Совршени солени палачинки за слатко утро
Навикнати сме на слатките како одлично задоволство.

А штом ќе ги пробате овие солени, нема да сакате слатки.
Состојки:

  • 5 палачинки
  • 100 гр сирење
  • 100 гр пршута
  • 5 лажички павлака
  • 5 лажички кечап
  • 5 кисели краставички
  • 2 јајца
  • по потреба брашно
  • по потреба презла
  • малку сол
  • за масло за пржење

Подготовка

Изрендајте го сирењето, исечете ја пршутата на ленти, па измешајте ги кашкавалот и пршутата. Краставиците исечкајте ги на коцки. На палачинката се става една лажичка павлака и се премачкува, една лажичка кечап, парче краставица, парче пршута и сирење, се завртува палачинката и се прави истото со останатите палачинки. Јајцата се матат со малку сол. Во една чинија ставете брашно, а во друга презла. Завитканите палачинки валкајте ги во брашно, па во јајца и на крај во презла. Во тавата сипете масло и пропржете ги палачинките. Извадете ги палачинките на салфетка за да се впие вишокот маснотии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *