ЧОКОЛАДНА ТОРТА КОЈА СЕ ПОДГОТВУВА БРЗА! Само за најнетрпеливите!

ЧОКОЛАДНА ТОРТА КОЈА СЕ ПОДГОТВУВА БРЗА! Само за најнетрпеливите!
Чоколадните колачи се кралица на сите прослави. Сите ги обожаваат, а децата најмногу. За најнетрпеливите ви носиме брз рецепт

Толку е лесен и вкусен што штом ќе го пробате, ќе продолжите да го правите. Портокалот го прави освежителен, а ни состојките не се скапи. Вреди да го пробате рецептот .

Состојки:

  • 1 кора од портокал
  • 150 гр брашно
  • 100 гр шеќер
  • 60 гр какао во прав
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 90 гр путер
  • 370 мл топла вода
  • 30 мл сок од портокал
  • 150 гр чоколадо
  • 150 мл слатка павлака

Подготовка
Измешајте брашно, шеќер, какао, рендана кора од портокал и прашок за пециво. Промешајте, па додадете вода, сок од портокал и путер. Добро изматете, па добиената смеса истурете ја во силиконски калап и печете во микробранова печка 6 минути на 400W. Користете чепкалка за заби за да проверите дали е готово. Растопете ја чоколадата со слатката павлака и прелијте ја тортата.
Забелешка:

Ако немате микробранова печка, тортата можете да ја печете во рерна околу 10-15 минути, само со чепкалка за заби проверете дали е готова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *