Четири начини да заштедите енергија при готвење

Домаќинство со три лица годишно троши околу 11 отсто од енергијата на готвење, но постојат неколку трикови за заштеда на енергија во кујната, пишува германската новинска агенција dpa.

За почеток, ако се користи капак, топлината не може да избега од тенџерето. Тоа е три пати поефикасно од готвењето без капак, а храната ќе се загрева побрзо.
Енергијата може да се заштеди и со избирање тенџере и тавче чии радиуси одговараат на големината на ринглата. Радиусот на садовите може да биде дури и малку поголем.

Дополнително, парите и енергијата може да се заштедат доколку во тенџерето се истури само потребната количина на вода, бидејќи тоа го забрзува процесот на загревање и на тој начин ја намалува потрошувачката на вода и енергија, пишува dpa.

Кампањата на германската влада нагласи како јајцата и зеленчукот може да се готват на само 2 сантиметри вода – со други зборови, без да бидат покриени со вода. На овој начин можете да заштедите 10 евра годишно.
Последниот совет е за љубителите на тестенини – ставете ги во тенџере додека водата е сеуште ладна. Така тестенините побрзо ќе бидат готови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *