Совети од Мајка Тереза: Како да се справите со лошите луѓе?

Совети од Мајка Тереза: Како да се справите со лошите луѓе?




Мајка Тереза го посветила својот живот служејќи им на сиромашните, болните, сираците и оние кои цел свет ги заборавил и отфрлил. Таа била неверојатна жена од албанско потекло родена пред 105 години во Скопје, но нејзините совети и ден денес можат да служат како инспирација и водичи кон вистинската насока. Откријте што таа им советува на сите оние кои се нападнати од луѓе кои им мислат лошо…




Луѓето можат да бидат неразумни, нелогични и егоистични: Сеедно, опростете им.
- Ако ја негувате добрината, а луѓето ве обвинуваат тајно и од лични причини: Сеедно, негувајте ја добрината.
- Ако сте постигнале успех, околу вас може да се појават многу замислени пријатели и вистински непријатели: Сеедно, постигнувајте успех и понатаму.
- Ако сте искрени и отворени, а луѓето ве напаѓаат: Сеедно, продолжете да бидете искрени и отворени.
- Тоа што сте го граделе со години може да биде уништено преку ноќ: Сеедно, не престанувајте да градите.
- Ако сте пронашле спокој и среќа, а другите ви завидуваат: Сеедно, бидете си среќни.
- Доброто кое сте го создале денес, луѓето ќе го заборават утре: Сеедно, не престанувајте да правите добро.
- Делете го со луѓето најдоброто што го имате, тоа никогаш нема да биде доста: Сеедно, не го чувајте само за себе.
- На крајот од краиштата и самите ќе се уверите дека сè ова е помеѓу вас и Бога: Сеедно, тоа никогаш не било помеѓу вас и нив.







