Направете „витаминска бомба“ за зајакнување на имунитетот – за деца и возрасни

Силен имунитет – тоа е отпорност на телото на разни болести, а со тоа и добро здравје. Иако секој ден во нашите аптеки има се повеќе подготовки за зајакнување на имунитетот — народните лекови не ја губат својата популарност и важност во овој процес.

Тоа е разбирливо, бидејќи ниту еден синтетички препарат од аптека не може да ги замени природните производи, кои се лесно достапни и многу ефикасни во лекувањето на разни болести.

Имајќи подготвена „витаминска тегла“ — ќе ја задоволите не само потребата на децата за слатки, туку и ќе го зајакнете имунитетот на целото семејство. Ви нудиме два рецепти за смеса за зајакнување на имунитетот. И двете се одлични – и испробани и проверени. На вас е да изберете.

Рецепт за зајакнување на имунитетот за деца и возрасни
– 100 гр суво грозје (квалитетот на сувото грозје е многу важен) – 150 гр ореви -100 гр бадеми – кора од два лимони -100 гр суви кајсии –
100 гр сливи – 250-300 гр мед

– ако имате можност – многу е добро да додадете 100 гр борови ореви (одлични се за зајакнување на имунитетот)

Подготовка: Мелете во мелница за месо: суво грозје, ореви, бадеми, борови ореви и кора од лимон. Во смесата додадете го сокот од два лимона, чија кора претходно сте ја сомелеле. Измешајте го. Следно, додадете сливи и суви кајсии. Измешајте го. На крајот додадете мед и повторно измешајте. Оставете да отстои на темно место 1-2 дена.

За деца постари од 3 години – 1 лажичка два пати на ден.
За возрасни: 1-2 лажици три пати на ден.
Теглата со витамини чувајте ја во фрижидер.

Рецепт за зајакнување на имунитетот за возрасни
-200 гр суви кајсии -200 гр суви сливи -200 гр суви смокви -200 гр ореви -1 лимон -50 мл ракија -250 гр мед

Подготовка: Сувото овошје и лимонот заедно со кората сомелете ги во мелница за месо. Во смесата додадете мед и ракија и измешајте. Чувајте ја теглата во фрижидер. Земете 1 лажица пред јадење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *