(Видео) Крцкави стапчиња со сирење од тава: Брзо се подготвуваат, им успеваат и на почетници

(Видео) Крцкави стапчиња со сирење од тава: Брзо се подготвуваат, им успеваат и на почетници
Солените грицки, иако се достапни и во маркетите и во пекарниците, се многу повкусни кога ќе излезат од вашата кујна.




Овој рецепт за стапчиња се подготвува многу брзо, состојките се едноставни и евтини, а не е потребна голема умешност во кујната.




Ова коктел-пециво можат да го подготват и почетници во кујната и со него да ги израдуваат своите домашни или ненајавени гости…
-
- Потребни состојки:
- 2 јајца
- 480 гр. брашно
- 1 чаша млеко
- 1 врзоп магдонос
- 150 гр. кашкавал
- 100 гр. фета сирење
- 1 лажиче сол
- 10 гр. сода бикарбона
Начин на подготовка:
1. Целите јајца помешајте ги со рендан кашкавал, фета сирење, млеко, ситно сечкан магдонос и додајте шеќер.2. Измешајте ги состојките, па додајте брашно, сода бикарбона и сол, а потоа сето тоа повторно измешајте го за да добиете тесто.
3. Доколку ви е полесно, замесете ја смесата со раце.
4. Кога ќе биде компактна, расукајте ја што потенко со сукало.
5. Тестото исечете го на тенки ленти со должина од околу 10 центиметри и печете го на загреано масло од двете страни додека не добие златна боја.